18-годишната Американка Кори Гауф е противникот на Игa Свјатек во финалето на Ролан Гарос. Гауф лесно славеше во полуфиналето против Мартина Тревисан .
Познати се финалистите на Ролан Гарос,откако претходно пласман во финалето обезбеди Ига Сватек, а противничка ќе и биде Кори Гауф.
Одличната млада Американка во полуфиналето ја победи Мартина Тревисан и за прв пат во кариерата стигна до финале на Грен слем турнир.
Гауф го постигна најдобриот резултат досега на Грен слем турнирите токму овде во Париз, каде лани стигна до четвртфиналето.
И Тревисан го постигна резултатот на кариерата, го имаше најдобриот резултат досега на Ролан Гарос, каде стигна до четвртфиналето во 2020 година и загуби од подоцнежниот победник Свјатек.
Во денешното полуфинале Тревисан двапати се враќаше од брејк во првиот сет, но по 3:3 се беше во знакот на Гауф. До крајот на мечот загуби само еден гем и се пласираше во финалето.
Ролан Гарос, полуфинале:
Кори Гауф (САД, 18) – Мартина Тревисан (Италија) 6: 3, 6: 1