Како реагира секој играч на освојување на Грен слем титула, во голема мера зависи од емоциите во моментот. Публиката и начинот на кој се добива натпреварот обично игра значајна улога.

Во случајот со Даниил Медведев ова е смислено уште пред неколку месеци кога Медведев одлучил дека доколку го освои Вимблдон ќе направи уникатна прослава на титулата. Се работи за имитација на прослава што ја има во видео играта на ФИФА.

„Сакам да играм ФИФА. Сакам да играм Плејстејшн. Се вика прослава на мртвите риби. Ако го знаете вашиот противник кога играте ФИФА, многу пати ќе го направите ова. Кога ќе постигнеш гол а имаш предност од 5-0, прославата е баш ваква.” – изјави Медведев.

https://twitter.com/ESPNFC/status/1437200387023454208?s=20