Србинот Александар Митровиќ на гостувањето на Фулам кај Њукасл, даде гол од пенал, но судијата веднаш го поништи голот, и досуди индирект за Чавките.
Митровиќ ја затресе мрежата на својот поранешен клуб и почна да прославува водство на Фулам од 1-0, но голот оправдано му беше поништен.
Пред да шутира, популарниот Митрогол се лизна, и по шутот со десна нога, топката прво удри во неговата лева нога, а потоа продолжи да патува кон голот. Ова се смета како двојно играње што не е дозволено при пенали, па погодокот беше поништен.
Погледнете каков малер му се случи на голгетерот на Фулам:
https://twitter.com/Footyhub01/status/1614646705428783106?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1614646705428783106%7Ctwgr%5E6088e3d2998e263b02467f8a89e80d4c5f1175d7%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Fbizarno-mitrovik-dade-gol-od-penal-a-sudijata-go-ponishti-i-ne-go-povtori-video%2F