Наполи победи во дербито против Рома на стадионот „Диего Марадона“ со 2-1 и сега има 13 бода предност на врвот на табелата во Серија А во однос на Интер.
Македонскиот репрезентативец Елмас влезе во игра во 69.минута на местото на Кварацкелија.
Наполитанците дојдоа во водство со голот на Виктор Осимен во 17.минута.
Рома успеа да изедначи со погодокот на Стефан Ел Шарави во 75.минута, но Џовани Симеоне во 86.минута го постигна победничкиот гол за „наполитанците“.
Наполи сега има 53 бода, Интер е втор со 40, следат Лацио, Аталанта и Милан по 38, Рома со 37 во таа пеколна трка за ЛШ. Наполитанците ја запишаа 17-та победа во 20 меча и сигурно чекорат кон првата титула по 1990 година.