Пари Сен Жермен ремизира против Ремс на „Паркот на принцовите“, играјќи 1-1. Ремс израмни во последните мигови од натпреварот.
ПСЖ не успеа да избега на плус пет, а имаше победа во рака до 95-та минута, но буквално во последните секунди Форлаин Балогун погоди во мрежата на „светците“, кои последниот половина час го играа со десетмина поради исклучувањето на Марко Верати, а водеа со гол на Нејмар од 51-та минута.
ПСЖ дојде до 48 бода, три пред Ланс, кој киксираше со реми 1-1 кај Троа, па второпласираниот тим сега има 45 бода, а Марсеј е на 43.
За Ремс ова беше 11-то сезонско реми и со 26 бода се на 11-то место, 11 бода над опасната зона.