Турскиот репрезентативец Чеди Осман, роден во Охрид постојано потенцира дека е горд на своето македонско потекло, беше најзаслужниот за триумфот на неговиот Кливленд кавалирс во пресметката со ЛА клиперс (122-99).
Тој постигна 29 поени и тоа со максимални седум од седум во шутевите за три поени, и по два скока и асистенции. Веднаш зад него со учинокот за „коњаниците“ беше Гарланд со 16 поени и 10 асистенции, додека најпрецизен кај гостите беше Бостон со 24 поени, а Браун постигна 13 поени со дури 16 скока. Осман со овие седум тројки се искачи на шестата позиција на вечната листа најдобри тројкаши на Кливленд, со можност набрзо да биде и петти.
Грчкиот звер Јанис Адетокумпо, блескаше во победата на Милвоки бакс на домашен терен против Њу Орлеанс пеликанс (135-110). Тој со 50 поени и 13 скока им ја донесе на „елените“ 33. победа во 50. меч сезонава, со што се на третата позиција на Истокот, зад Бостон и Филаделфија. Кај гостите најрасположен беше Алварадо со 18 поени и шест асистенции.
Во третиот меч од ноќешната програма во НБА, Мемфис гризлис излезе подобар во пресметката со Индијана пејсерс (112-110).