На 27 секунди пред крајот, кошаркарот на гостите Вил Клајбурн погоди тројка и зголеми на 92:82 за Ефес. Фенер успеа да направи неверојатен пресврт и магично ja стопи предноста на противникот, а со забивањето на Најџел Хејс-Дејвис го сврте резултатот на 90:89. Но тоа не беше се, Клајбурн доби топка и шутна од далечина и ја погоди својата четврта тројка во последните 110 секунди за конечни 92:90.
Тренерот на Фенер, Димитри Итудис збесна по кошот на Клајбурн и ја фрли таблата со тактика погодувајќи го својот помошник. Потоа замина кон тунелот и не се поздрави со својот колега Ергин Атаман.
Фенербахче и Анадолу Ефес ќе водат жестока битка во полуфиналето од плејофот во борба за трофејот.
Пласман во финалето ќе обезбеди тимот кој прв ќе стигне до три победи.