Веќе стигнале и понуди од неколку европски гиганти, кои се борат за највисок пласман во Евролигата.
Нено имал понуди од Баерн Минхен, Басконија, Фенербахче, па и од белградски Партизан. За него бил заинтересиран и Зенит Санкт Петерсбург. Не е потребно да се потенцира дека Уникс Казан сака да го задржи во своите редови, откако му ја донесе титулата во ВТБ-лигата, обезбедувајќи си го за себе индивидуалното признание МВП во финалната серија.
Сега 25-годишниот македонски репрезентативец останува да ја донесе вистинската одлука, со која би одбрал средина и клуб кои ќе му одговараат, како што тоа се случи со одлуката да замине во Уникс Казан.
Иако кошаркар на Валенсија, замина во овој клуб како позајмен играч и на крај му ја донесе првата титула во неговата историја. Напредокот е фантастичен, ако се знае дека претходно, во Валенсија, во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари, при што во просек постигнуваше по 8,4 поени и 3,9 асистенции.