Кошаркарите на Мемфис славеа над Оклахома со 152:79.
Бруталната доминација на Гризлис влезе во историјата на НБА. Тие славеа над Тендерс со дури 73 поени разлика и поставија нов рекорд во најсилната кошаркарска лига во светот.
Мемфис немаше „помош“ од Џа Моранта, а во негово отсуство Џексон беше во водство со 27 поени, а двоцифрени беа Мелтон (19), Алдама (18), Кончар (17), Брукс (11), Кларк (11), Калвер 11), Тилман (11) и Џонс (10).