Во Евролигата ќе се одиграат пет натпревари од претпоследното коло во регуларниот дел од сезоната во Евролигата.
Белградски Партизан се бори за пласман во плејин-разигрувањето за влез во плејофот, но повеќе не ја држи судбината во свои раце, но мора да слави вечерва на гости кај Алба Берлин. Црно-белите на две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната имаат 14 победи и 18 порази, исто колку што имаат и Жалгирис, Олимпија Милано и Валенсија, додека на последното место кое води во плејин-турнирот се наоѓа Анадолу Ефес, кој има една победа повеќе.
Во првиот меч кој се играше во Арената во Белград, Партизан славеше со 89:74, а вечерва ќе може да смета на услугите на Зек Ледеј, кој ги пропушти дуелите со Басконија, Реал Мадрид и Олимпијакос поради смртта на татко му.
Жалгирис исто така се бори за последното место кое води во плејин-турнирот, го очекува тешко гостување кај Монако, кој пак заедно со Панатинаикос и Барселона ќе води битка за второто место на табелата. Монако ја има фаворитската улога.
Интересно треба да биде во Арената во Белград, каде што Црвена ѕвезда за последен пат сезонава ќе игра пред своите гледачи, и тоа против братскиот клуб од Пиреја, Олимпијакос.