Вчера со тимот на Денвер Нагетс играше претсезонски меч против Бостон во Дубаи, а денес Никола Јокиќ имаше можност во живо да го следи и настапот на својот матичен клуб Мега.
Белградскиот тим направи изненадување и славеше како гостин против Дубаи, а очекувано, во центар на вниманието беше српскиот ас Јокиќ околу кого се собраа голем број фанови и побараа да им ги потпише дресовите и другите реквизити. Интересот за него стана толку голем што мораше да реагира обезбедувањето кое не дозволи повеќе да доаѓаат деца во близина на кошаркарот на Денвер.
Покрај Јокиќ, присутни на натпреварот беа и други кошаркари на Денвер, како Дарио Шариќ, Влатко Чанчар и Џамал Мареј, но и поранешниот претседател на Евролига, Жорди Бертомеу.
Видеата со Никола Јокиќ погледнете ги ТУКА.