Каталонскиот гигант Барселона донесе одлука за иднината на својот централен напаѓач Роберт Левандовски, објави каталонскиот „Спорт“.
Изворот наведува дека раководството на каталонците одлучило дека и покрај поодминатата возраст, играчот сè уште може да прикажува игра на високо ниво и нема планови да доведе нов главен напаѓач во следната сезона, што значи дека шпанскиот вицешампион ќе се потпира на Полјакот и во сезоната 2025/26.
Од почетокот на оваа сезона, 36-годишниот Левандовски е во одлична форма, учествуваше на сите 10 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна девет гола и забележа две асистенции.
Сегашниот договор на играчот со клубот трае до летото 2026 година.