Клубскиот фудбал се враќа викендов по репрезентативната пауза поради квалификациските натпревари во Јужна, Централна и Северна Америка и Азија. Викендов играат тимовите во сите пет најсилни лиги, освен што на програмата во Англија е закажано шеснаесетфиналето на ФА Купот.
Сабота
Големото миланско дерби меѓу Интер и Милан се игра од 18:00 часот. Милан има четири бода помалку од водечкиот Интер и пораз практично би го исфрлил од трката за титулата, додека победа целосно би го доближила до најголемиот ривал.
Половина час подоцна започнува натпреварот помеѓу Баерн и Лајпциг. Домаќините имаат шест бода предност на врвот, додека Лајпциг има грчевита борба за Лигата на шампионите до крајот на сезоната и секој нареден натпревар е како финале.
Натпреварот помеѓу Монако и Лион започнува во 21 часот и може да понуди многу голови. Игрите на Монако се мошне интересни оваа сезона, а Лион нема пораз веќе осум кола. Двата тима имаат драматична борба за Лигата на шампионите до крајот на првенството.
Недела
Во 15:30 ќе започне натпреварот помеѓу Дортмунд и Леверкузен кој секогаш нуди многу голови. Во првиот натпревар оваа сезона, Борусија победи со 4:3 на гостински терен во еден од најдобрите натпревари во сезоната
Од 16:15 часот ќе се сретнат Барселона и Атлетико во дербито на 23. коло на Ла Лига. Двата тима одамна испаднаа од борбата за титулата, но ќе се мачат да влезат во Лигата на шампионите.
Во 20 часот ќе започне финалето на Купот на Африканските нации. За титулата најдобар тим на тој континент ќе играат Сенегал и Египет, што ќе биде и пресметка помеѓу ѕвездите на Ливерпул Садио Мане и Мохамед Салах.
Викендот на возбудливи натпревари завршува со дербито меѓу Лил и ПСЖ, бидејќи се работи за актуелниот и најверојатно идниот шампион.