Мидлсброу го шокираше Манчестер Јунајтед со елиминацијата од ФА Купот на пенали (8:7), а навивачите на Јунајтед, но и сите гледачи беа шокирани што судијата го призна гол на Мидлсброу по очигледеното играше со рака на стрелецот на голот.
Секако, навивачите, играчите и тренерите на Јунајтед побараа од судијата Ентони Тејлор веднаш да го поништи голот поради евидентно играње со рака на напаѓачот на Мидлсброу, на што судијата и луѓето од ВАР собата не реагираа.
Би-Би-Си пишува дека причина за тоа е промената на правилата за игра со рака, односно „ревизијата на толкувањето на тоа правило“ што ја направи Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации.
Пред половина година беше одлучено дека ненамерно играње со рака не се казнува кога е во прашање напаѓачот. Сидијата проценил дека нема намера за игра со рака и голот беше признат.
ВАР ја потврди одлуката на главниот судија.