Иако разликата во буџети, квалитет, во фудбалски развој е далеку на страната на Динамо и сѐ освен пласман на хрватскиот првак, кој е редовен учеснијк во групните фази во Европа веќе со години би било сензација, најголемото летно засилување Јосип Дрмиќ, не сака ни да помисли на некакво потценување на македонскиот шампион.
Дрмиќ беше соиграч на Дарко Велковски во Риека, но летово се пресели на „Максимир“ и сега е соиграч на други двајца македонски репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми, а на првиот првенствен меч даде два гола во триумфот со 3-2 против Локомотива
„Гледам дека нас сите против Шкупи нѐ гледаат како апсолутни фаворити, ама веднаш да кажам, едно е Европа, друго е ХНЛ-лига. Второ, против Динамо сите ќе бидат екстра мотивирани, ќе играат и над своите можности. Така да, за Европа мора да сме максимално спремни и фокусирани и само така можеме да ја минеме првата европска пречка. Само ако ја играме нашата игра со сто отсто можеме понатаму, а верувам дека ќе го поминеме второто коло и ќе ја продолжиме битката за место во ЛШ ако сме со најсериозен пристап“, вели Дрмиќ.
Македонскиот првак денеска ќе дојде во Загреб, каде ќе го има последниот тренинг пред првиот меч.