Македонскиот репрезентативен напаѓач Милан Ристовски го израмни ефектот на голови досега во сезоната со асистенции, откако денеска стигна до третата асистенција за победа на Спартак Трнава со 3-0 на гости кај Злате Моравче.

Ристовски сезонава има 12 настапи и ефектот му е три гола и три асистенции, односно на половина од мечевите учествувал во гол за својот тим, а денеска асистираше за вториот погодок за својот тим во 49-та минута од мечот.

За Трнава ова беше шеста сезонска победа и со 22 бода од 12 меча во моментов е втора на табелата, четири зад првакот и лидер Слован Братислава која има меч помалку, а два од Подбрезова која исто така има меч за играње.