Вечерва се играат три натпревари, од плеј-офот во Лигата на Шампионите, последна пречка пред пласман во групната фаза во најелитното европско натпреварување.
За нас најинтересен ќе биде настапот на Динамо Загреб, каде играат Стефан Ристовски и Аријан Адеми, но и на Енис Барди кој се очекува вечерва да го има своето деби во дресот на турскиот Трабзон и тоа на гостувањето кај Копенхаген.
“Модрите“ се фаворити против Бодо/Глимт, посебно ако се знае дека првиот меч вечерва се игра во Норвешка.
За медиумите во Хрватска, Стефан Ристовски по повод овој двомеч со Бодо/Глимт покрај другото истакна:
“Сите ние знаеме што носи овој двомеч со Бодо/Глимт. Вечерва не очекува многу важен натпревар, но овој Динамо Загреб заслужува да игра во групната фаза во Лигата на Шампионите. Нашиот клуб има големи цели, јас сум уверен дека можеме да ги постигнеме “ рече капитенот на нашата репрезентација и десен бек на Динамо Загреб.