УЕФА, Европската куќа на фудбалот го претстави финансискиот извештај за 2023 година, а дел од него се и бројките кои ја покажуваат заработката на европските клубови од дресови и останатите клупски продукти.
На врвот повторно се најде шпанскиот гигант Барселона, која иако повеќе го нема звездениот Лео Меси, заработи 178 милиони евра од продажба на облека со своите обележја. По нив е Реал Мадрид (155 милиони), а уште три клуба беа над границата од сто милиони.
Листа на клубови кои заработија најмногу од дресови во 2023:
- Барселона (178 милиони евра)
- Реал Мадрид (155 милиони евра)
- Баерн Минхен (147 милиони евра)
- Ливерпул (132 милиони евра)
- Манчестер Јунајтед (130 милиони евра)
- ПСЖ (97 милиони евра)
- Арсенал (89 милиони евра)
- Челзи (87 милиони евра)
- Тотенхем (74 милиони евра)
- Јувентус (74 милиони евра)
За чудење е што на листата го нема европскиот првак Манчестер Сити, а го нема ниту неговиот ривал од финалето Интер.