Килијан Мбапе на лето без пари од ПСЖ ќе се пресели во Реал Мадрид, но сумата која ќе ја даде кралскиот клуб само за потписот е исто како да го откупиле од Французите.

Килијан Мбапе нема да заработува многу повеќе од останатите ѕвезди на Реал Мадрид, неговата плата ќе биде 15 милиони евра годишно.

Но францускиот фудбалски ас ќе има други примања кои на крајот ќе направат тој да биде убедливо најплатениот играч на кралскиот клуб.

Реал Мадрид само за потписот на Мбапе ќе му плати 150 милиони евра кои ќе му ги дава на рати за пет години колку што ќе биде долг договорот.

Тоа значи дека иако тој доаѓа како бесплатен играч, од касата на кралскиот клуб на неговата сметка ќе легне сума која е слична колку неговата цена на пазарот.

Покрај тие 150 милиони евра, надвор од платата, Мбапе издејстувал и одличен договор за имиџ правата.

Имиџ правата ќе бидат распределени 70-30 во корист на фудбалерот. Што е сериозен процент.