Фудбалската репрезентација на Катар триумфираше со 3-2 против Иран и се избори за финале на Азискиот куп, каде што ќе има пресметка со Јордан.

Иран постигна маестрален гол преку Азмун во четвртата минута за водство од 1-0, за потоа Катар со погодоците на Абдулсалам и Афиф да стигне до пресврт до крајот на првите 45 минути.

Јаханбакш од пенал во 51. минута израмни на 2-2, додека победата на Катар ја потврди Алмоез Али во 82. минута од натпреварот.