Екипата на Ал Наср со победа од 1-3 во азиската ЛШ ја совлада катарскета Ал Гарафа, а натпреварот го одбележа најголемата ѕвезда на гостинскиот тим португалскиот ас Роналдо.

Кристијано Роналдо не престанува да ги тресе противничките мрежи, со двата гола стигна до 913 во кариерата, а оној вториот беше и најубавиот момент на дуелот.
Португалецот го издрибла дефанзивецот на Ал Гарафа и ја закова топката во противничката мрежа, за предност од 0:3.

Роналдо претходно стрелаше со глава на стартот на вториот дел, а почесниот гол за домаќините го постигна Хоселу.

Португалецот направи уште два чекори кон историскиот подвиг, 1.000 голови во ссвојата кариера. Најдобриот стрелец во историјата на фудбалот има 913 гола на официјални мечеви, а од нив 450 се по 30-тиот роденден за Португалецот.

Неговиот погодок број 913 погледнете го ТУКА.

Атрактивен гол за Ал-Наср даде и Бразилецот Анжело.