Носителот на осум „Златни топки“, Лионел Меси, се врати во игра за неговиот тим Интер Мајами во победата од 3-1 против Филаделфија Унион во МЛС-лигата и веднаш постигна два гола и забележа асистенција.
Интер Мајами прими гол уште во втората минута од средбата, но потоа Меси израмни во 26. минута, а потоа погоди и во 30. минута за целосен пресврт.
https://twitter.com/i/status/1835108861381955996 https://twitter.com/i/status/1835110114962886715Победата за Интер Мајами ја потврди Луис Суарез во 98. минута, откако Меси му асистираше.
Лионел Меси веќе има 15 гола и 15 асистенции, постигнати на 19 натпревари во МЛС-лигата, со што оствари уште еден рекорд во историјата на американската лига.