Кошаркарскиот тим на Олимпија Милано загуби во пријателски натпревар од Фенербахче со 76-81, а македонскиот репрезентаитвец Ненад Димитријевиќ беше најефикасен во својот тим.
Димитријевиќ го заврши дуелот како најдобар стрелец, постигна 14 поени, но додаде и пет скокови и три асистенции.
Македонецот постигна и една неверојатна тројка во првото полувреме, која ја сподели неговиот тим на социјалните мрежи.
https://twitter.com/i/status/1835047153942606095