Хрватска беше последниот (21-ви) патник кој директно се пласира на ЕП преку квалификации, а уште 12 селекци ќе се борат за три места за континенталниот турнир преку баражите.
Системот на одигрување е идентичен како оној што беше за СП, односно баражите се состојат од две полуфиналиња и едно финале, а 12-те селекции се поделени во три групи.
Победникот од полуфиналето меѓу Велс и Финска ќе биде домаќин во финалето на победникот од пресметката меѓу Полска и Естонија, додека во групата Б, БИХ ќе игра полуфинале со Украина.
Победникот од оваа пресметка во финалето ќе игра против Израел или Исланд, а во групата Ц победникот од Грузија-Луксембург ќе има мала предност во финалето, бидејќи една од овие селекции ќе биде домаќин на подобриот од дуелот Грција-Казахстан.