Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски имаше одличен старт во дресот на Болуспор. Тој беше стрелец на победничкиот гол (0-1) на дуелот против Шанлиурфаспор во турското првенство и донесе важна победа.
Тоа е втор гол за Аврамовски на третиот натпревар за Болуспор.
Офанзивецот беше стрелец во 50.минута, на асистенција на Чичек, и тоа беше единствениот гол натпреварот.
https://twitter.com/i/status/1752031500122423379