Рома ја постигна втората победа во низа по доаѓањето на Даниеле Де Роси на клупата, откако славеше на гости кај Салернитана со 1-2 (0-0) во натпревар од 22. рунда на Серија А. Клупската легенда имаше среќа да дојде на клупата пред два дуели со екипи од дното на табелата, па тргна со две победи.
Во првото полувреме имаше иницијатива на „римската волчица“, меѓутоа јалова, бидејќи поблизу до гол беше Салернитана. Најголемата закана ја имаше Лум Чауна, чиј удар го одбрани Руи Патрисио. Подобрата игра на Рома со гол ја круниса Пауло Дибала. Маџоре играше со рака во шеснаесетникот, а со помош на ВАР-асистенцијата Рома доби пенал. Сигурен изведувач од 11 метри беше Дибала и во 51. минута Рома дојде во водство со 0-1.
https://twitter.com/i/status/1752074300679499816
Фудбалерите на Рома успеаја да ја задржат предноста и освоија три бода, со што сега е на петтата позиција со 35, а Салернитана е на дното со само 12.