Екипата на Интер Мајами претрпе минимален пораз на подготовките за новата сезона откако во Ријад загуби од лидерот во саудиското првенство Ал Хилал со 3-4.

По ремито без голови и поразот од 1-0, тимот од Флорида барем почна да постигнува голови и тоа на крилјата на првите две ѕвезди во екипата Лионел Меси и Луис Суарез. Ал Хилал водеше со 2-0 благодарение на головите на Митровиќ и Ал Хамдан, Интер Мајами намали преку Суарез, а Ал Хамдан ги доведе домаќините во водство од 3-1.

https://twitter.com/i/status/1752047191253016598
https://twitter.com/i/status/1752054961163338075

Во продолжение се разбуди Меси кој прво погоди од пенал, а потоа му асистираше на Руиз за 3-3. Голот за победа на домашниот тим го постигна Малком во 88. минута.

https://twitter.com/i/status/1752055198812451008 https://twitter.com/i/status/1752064929438593052

Ова беше генерална проба за Интер Мајами за дуелот против Ал Наср на Кристијано Роналдо кој се игра во четврток во 19 часот во Ријад.