Резултатот беше отворен по само девет минути игра. Арсенал од својата прва посериозна шанса успеа да дојде до водство со голот на Сака.
Ливерпул се врати резултатски по само десет минути и тоа со голот на Вирџил Ван Дајк по еден корнер.
Во завршницата од првиот дел Деклан Рајс одлично нафрли а тоа знаеше да го искористи Микел Мерино кој погоди со глава. Ситуацијата долго се прегледуваше и во ВАР собата поради потенцијален офсајд, меѓутоа на крај голот остана да важи.
Второто полувреме донесе помирна игра, Ливерпул имаше иницијатива, но не успеваше да дојде до изедначување се до завршницата кога Мохамед Салах погоди за израмнување во 81. минута.
Во последните десетина минути немаше голови, па двете екипи ги поделија бодовите. Ремито најмногу му одговора на Манчестер Сити кој со 23 бода остана лидер пред Ливерпул кој има 22, Арсенал е на третата позиција има 18 колку и Астон Вила.
Следното коло за Арсенал носи гостување кај Њукасл, додека Ливерпул го пречекува Брајтон.