Манчестер Јунајтед конечно стигна до посакуваните три бода во англиската Премиер – Лига по победата од 3-0 над Тотенхем во Лондон. Овој триумф сигурно му донесе спокој на Оле Гунар Солскјер барем до следниот натпревар, со оглед на тоа што ова беше еден од клучните мечеви за иднината на Норвежанецот на “Олд Трафорд”.
Иако “спарс” имаа поголем посед на топката во текот на целиот натпревар, ледот го скрши Кристијано Роналдо во 39. минута со прекрасен волеј од блиску кој многу потсеќа на добрите стари времиња кога ваквите погодоци беа секојдневние за Филипо Изнаги. За вториот погодок на Јунајтед најзаслужен беше Бруно Фернандеш, кој ја украде топката на средината на теренот, па му подаде на Роналдо.
По одличната тимска акција, се што му остана на Португалецот беше да му асистира на Кавани за водство од 2-0 во 64. минута. Откако веќе воспоставија целосна контрола на теренот, Рашфорд искористи една грешка на одбраната на домашната екипа, па и тој се запиша во листата на стрелци на само три минути до крјаот на регуларното време.