Екипата на Трабзонспор трет пат по ред доживеа пораз во турското првенство, откако загуби со 2-3 на домашен терен од Касимпаша.
Македонскиот репрезентивец Енис Барди беше асистент при првиот гол на Трабзонспор во 19. минута, кога Дестан ја затресе мрежата на гостите.
Кашимпаша во вториот дел успеа да ги искористи своите шанси и постигна три гола преку Кара, Хајрадиновиќ и Да Коста за комплетен пресврт (3-1).
Јилдирим погоди за 2-3 во 91. минута во финишот од натпреварот, но Трабзонспор до крајот на дуелот не успеа да се спаси од пораз.
Трабзонспор е трет во лигата со 37 бодови, односно 23 бодови помалку од Галатасарај и Фенербахче кои се борат за првото место.