Големото градско дерби во Швајцарија меѓу Грасхоперс и Цирих донесе големи возбудувања и победа на домашниот тим, а еден од инспираторите на пресвртот беше македонскиот репрезентативец, Дориан Бабунски.
Цирих поведе на големата пресметка со погодокот на Красничи а не реализираше уште две стопроцентни шанси за поголема предност, па грешките во првиот дел добија казна во самата завршница.
Бабунски со одлична завршница со глава го матираше голманот на Цирих и израмни на 1:1 во 71-та минута, но ова беше само најава за ерупцијата која следуваше во 95-та минута.
Во последните секунди, еден од стоперите на Цирих направи фатална грешка, а тоа знаеше да го казни Шрупф кој погоди за 2:1 и голема победа на Грасхоперс.
Со овој триумф, Грасхоперс сега е поблиску до плејофот и го делат четири бода, додека Цирих останува четврти со девет бода заостанување од лидерот Јанг Бојс.