Со фрлена топка во должина од 61.26 метри голманот на иранската репрезентација Алиреза Беиранванд од оваа недела и официјално е сопственик на Гинисовиот рекорд за најдалечно исфрлена фудбалска топка со рака.   Гинисовиот рекорд на иранскиот голман официјално е признаен откако Беиранванд (29) го оствари подвигот на натпреварот против Јужна Кореја во рамки на квалификациите за Мундијалот 2018, исфрлувајќи ја топката со рака од голманскиот простор на далечина од над 61 метри. Иран се квалификуваше на тоа Светско првенство одржано во Русија, а на завршниот турнир се истакна кога му одбрани пенал на португалскиот капитен Кристијано Роналдо. Актуелниот чувар на мрежата на португалскиот прволигаш Боависта, кариерата ја почна во ирански Персополис, а во националниот дрес досега одигра 49 натпревари.

https://www.youtube.com/watch?v=k_rrCteUG4E