Фудбалските репрезентации на Полска и Хрватска одиграа сензационални 45 минути во Варшава, натпревар на кој беа постигнати дури пет гола во првото полувреме.
Хрватска успеа да направи пресврт по почетниот гол на Зиелински и три пати ја затресе мрежата на Булка, но пред да се замине на пауза, Полјаците се вратија во игра со гол за 2:3.
На овој дуел беше постигнат голот на вечерта во Лигата на нации.
Борна Соса режираше вистинско фудбалско ремек-дело во ситуација кога израмни на 1:1, бидејќи фудбалерот на Торино испорача неодбранлива волеј мајсторија.
Слободниот удар на Модриќ за момент го расчисти полската одбрана, но топката заврши на ногата на Соса кој потоа преку 16 метри испрати проектил во мрежата на полскиот голман Булка.
Видеото погледнете го ТУКА