Ал Наср повторно мораше да прави пресврт на домашен терен и славеше над Дамак со резултат 2:1, а победничкиот гол беше дело на португалскиот ветеран кој во последно време игра како препороден.
По водството на гостите, фаворитот мораше да брка резултат и израмни преку Талиска во 53-та минута од слободен удар, но четири минути подоцна пристигна потегот на мечот.
Роналдо последните години често беше исмејуван за лошиот процент на голови од слободен удар, но денеска потсети на најдобрите времиња и постигна фантастичен гол за 2:1.
Кристијано перфектно ја изведе техниката со која посебно се прослави во Премиер лигата, а овој гол неверојатно потсети на оној кој го постигна против Шпанија пред неколку години.
https://twitter.com/i/status/1715764455487741991
https://twitter.com/i/status/1715773870509084938
https://twitter.com/i/status/1715765185796010201