За да играте во шпанскиот гигант треба да поседувате талент, потенцијал, квалитет и да знаете да се вклопите во системот, напаѓачката игра. Еден од талентите кој Барселона ги прати е „бразилскиот Меси“ или поточно тоа е 16-годишниот Естевао Вилијан кој е дел од тимот на Палмеирас.
Се работи за нов дијамант на бразилскиот фудбал, талент кој се очекува да експлодира во блиска иднина и затоа него го следат и тимови како што се Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Арсенал…но ако тој би можел да бира би се преселил во Барселона.
-Да играм за Барселона е мојот најголем сон, тоа е еден од најдобрите клубови во светот. Роден сум гледајќи ги Нејмар, Меси и (Луис) Суарез како играат за Барселона и тоа е сонот што го имам. Го гледам скоро секој натпревар на Барса, навивач сум на клубот. Имам големо воодушевување од играчите кои играат таму и се надевам дека ќе бидам таму -вели Еставао кој би сакал да игра на новиот Камп Ноу.
-Да, тоа би било остварување на сонот, -порачал тинејџерот за „Мундо Депортиво“.