Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми постигна гол за Динамо Загреб на натпреварот против Горица (0-1) во рамки на ХНЛ-лигата, прв после враќањето од Кина.
Играчот од средниот ред во улога на напаѓач погоди во мрежата на противникот. Одлично се снајде Адеми од пеналтикот, шутира високо, а топката заврши во аголот од голот на ривалот.
Ова е прв гол за Аријан Адеми по кам-бекот во дресот на Динамо Загреб од Кина.