Фудбалерите на Барселона оваа година нема да освојат ниту еден трофеј. Тие дури може да бидат и третопласирани во Ла Лига, зад Џирона. Беа елиминирани од ПСЖ во Лигата на шампионите, не го освоија Купот на кралот, а во финалето на Суперкупот загубија со 4-1 од Реал.

Сезоната е пред крај, а сѐ погласни се шпекулациите дека голманот Марк-Андре Тер Штеген би можел да го напушти клубот.

За него се интересира саудискиот клуб Ал – Итихад кој може да му понуди фантастични услови.