Екипата на Барселона лошо ја започна новата сезона.
Тимот од Камп Ноу по 11. коло е само деветти во шпанското првенство, а во Лигата на шампионите оствари една победа во три натпревари.
Лошите настапи резултираа со отказ на Роналд Куман, а неговото место наскоро треба да го заземе легендарниот фудбалер на оваа екипа Чави Ернандез.
Поранешниот претседател на каталонскиот гигант Жоан Гаспарт (77) смета дека доаѓањето на Чави ќе промени многу работи и дека Барса ќе освојува трофеи.
„Сакале или не, фудбалот е таков. Многу е полесно да се смени тренер отколку да се сменат сите играчи. Куман е одличен за Барса, тој е мој пријател, го ценам. Да му дадеа повеќе време, ќе направеше добра работа“, рече Гаспарт и додаде:
„Барселона ќе ја освои Лигата на шампионите, Ла Лига и Купот. Има уште многу да се игра. Мора да има оптимизам со доаѓањето на Чави, а имаше и потешки ситуации во фудбалот“, изјави Гаспарт.
Чави го спореди Гаспарт со Пеп Гвардиола и Луис Енрике.
„Зошто не би бил добар на клупата? Гвардиола и Луис Енрике дојдоа од резервниот тим и сите тврдеа дека немаат искуство. Потоа почнаа да постигнуваат резултати. Му посакувам на Чави сета среќа на светот“, изјави Гаспарт. .
Жоан Гаспарт ја водеше Барселона од 2000 до 2003 година и важи за еден од најлошите клупски претседатели досега.
Тој го продаде Луис Фиго на Реал Мадрид, а во 2003 година поднесе оставка во тешка ситуација за клубот, кој на крајот успеа да стигне до шестата позиција на табелата.