Македонскиот тренер Александар Васоски наводно допатувал во Сараево на разговори. Поранешниот долгогодишен репрезентативец кој играше за германскиот клуб Ајнтрахт Франкфурт од 2005 до 2011 година, а потоа успешно се испроба и во тренерската кариера во Вардар и Академија Пандев е блиску до клупата на Сараево.
Прво беше тренер на младата екипа на Металург од Скопје, а во сезоната 2013/14 ги тренираше младинците на Вардар, а една сезона подоцна седна на сениорската тренерска позиција на македонскиот тим.
По Вардар, Васоски во последниот есенски дел од сезоната стигна до втората позиција со Академија Пандев, а сега наводно допатува во Сараево за да преговара за преземање на тренерската клупа на клубот од Кошево.
Како Васоски преку ноќ дојде до израз? Можеби по препорака на капитенот Крсте Велкоски или се работи за менаџерска „шема“, брзо ќе се знае.