Фудбалерите на Црвена звезда одиграа фантастично во вчерашниот прв меч од квалификациите за ЛШ против Пјуник (5-0), со што веќе обезбедија место во плејоф-фазата, но убавата вечер делумно ја расипа левиот бек, Милан Родиќ.
Причина за тоа е фактот што при големото водство доби два жолти картони, а со тоа и исклучување во само 30 секунди. Првата опомена ја доби во 90. минута така што на дури 70 метри од својот гол со две раце го влечеше противничкиот десен бек со цел да спречи контранапад.
Во продолжението на акцијата, тој згазна фудбалер на Пјуник по што доби нова опомена, а со тоа и црвен картон.