Младинскиот фудбалски репрезентативец на Македонија, Лука Станковски го постигна првиот гол во дресот на Раднички 1923 во првата лига на Србија.Лука доби шанса како стартер, шанса која ја искористи и ја затресе мрежата на Чукарички. Офанзивецот се најде на вистинското место во 7 минута и го матираше гостинскиот голман. Ова водство од 1-0 беше активно се до самата завршница кога Тедиќ ги постави конечните 1-1.
Ова за Раднички беше второ сезонско реми и со вкупно 14 бода е во горниот дел на табелата.