Лиам Делап го матира Емилијано Мартинез во осмата минута од пресметката, но гостите од Бирмингем набрзо се разбудија, па преку Морган Роџерс и Оли Воткинс стигнаа до целосен пресврт (2-1).
Ипсвич во второто полувреме нападна со сите сили за да се спаси од пораз, а тоа им успеа со вториот гол на Делап (2-2) во 72. минута, додека домаќините во продолжение имаа уште неколку акции од кои можеа да стигнат и до целосен пресврт.
Астон вила остана на петтата позиција со 13 бодови, додека Ипсвич со четвртото реми по ред скокна до 15. место во Премиерлигата.