Џенова синоќа беше поразена во градското дерби од Сампдорија со резултат 13.
Херој во победата на Сампдорија беше Маноло Гамбјадини кој постигна два гола, посебно интересен беше вториот. Гамбјадини шутираше кон голот и топката со помош на фудбалер на Џенова заврши во мрежата за предност од 3:0.
Меѓутоа тој гол судијата го поништи поради наводен офсајд, а Гамбјадини илзезе од игра и го чекаше расплетот на ситуацијата покрај теренот. Две минути подоцна судијата покажа на центарот, па Гамбјадини почна да слави и тоа на клупата за резерви.