Финскиот возач во Формула 1, Кими Раиконен го уништи својот болид за време на вториот слободен тренинг на патеката во Абу Даби.
Раиконен ги минува последните километри во болид на Формула 1, бидејќи по трката во Абу Даби ја завршува кариерата.
Сепак, тимот на Алфа Ромео до почеток на трката ќе има полни раце работа по тешкото оштетување на болидот. Несреќата се случи кога Финецот во 14 свиок удри во барикадата.
Раиконен се пензионира со една титула првак од 2007 година која ја освои како возач на Ферари.