Дел од навивачите на Новак Ѓоковиќ се собраа пред австралиската амбасада во Белград.
Тие дојдоа пред зградата во Нов Белград од револт, и од лопиот однос кон најдобриот тенисер на светот од страна на локалните власти.
Ѓоковиќ го чека понеделник и конечната одлука, а во неговиот роден град попладнето пред Народното собрание се собраа граѓани на чело со неговиот татко Срѓан.
Во текот на вечерта неколкумина отидоа пред амбасадата на Австралија, а еден од нив со тениски рекет и топчиња гаѓаше кон кон зградата во која се наоѓа дипломатското претставништво.