Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо е нов играч на Астон Вила.
Офанзивниот играч за врска ќе настапува за клубот од Бирмингем како позајмен играч од Барселона.
Тој ќе биде во Астон Вила до крајот на сезоната.
Барселона се ослободи од големата плата на Кутињо кој за полусезоната би заработил 9 милиони евра кои сега ќе ги плати англискиот клуб.
Кутињо дојде во Астон Вила на барање на својот поранешен соиграч Стивен Џерард.