Македонецот Александар Трајковски блескаше во победата на Хајдук Сплит и постигна три гола во дуелот против Локомотива Загреб (5-2) во последното коло од хрватското првенство.
Трајковски даде два гола во првото полувреме, и тоа во 18. и 38. минута, додека хет-трикот го комплетираше во вториот дел, односно 72. минута кога погоди за 5-2.
Сите голови на Трајковски може да ги видите ТУКА.
Македонецот ја заврши сезоната со седум голови и три асистенции во хрватската Суперлига.
Хајдук Сплит, сепак, оваа сезона рано се откажа од трката за титулата, а двојната круна му припадна на Динамо Загреб, за кој играат Аријан Адеми и Стефан Ристовски.
- Головите на Трајковски против Локомотива: