Ливерпул му одржа вистинска фудбалска лекција на Челси и постигна четири гола во мрежата на „лондонските сини“, но барем уште толку можеше да постигне уругваецот Дарвин Нуњез.
Уругвајскиот напаѓач го почна дербито како играч со најмногу погодени стативи од стартот на сезоната (осум), меѓутоа малерозниот напаѓач се погрижи за историски моменти на „Енфилд Роуд“.
Дарвин на моменти изгледа како да е проколнат пред противничкиот гол, па така синоќа постави анти-рекорд во англиската елита.
Дарвин стана првиот играч во историјата кој на еден натпревар во Премиер лигата дури четири пати ја погодил рамката од голот, што само говори каква луда и необична вечер имаше напаѓачот на Ливерпул.
Нуњез не реализираше и удар од 11 метри на истиот натпревар, но на крајот истиот го заврши барем со асистенција по која Дијаз ги постави конечните 4:1.
Видеото од промашените шанси за гол погледнете го ТУКА
https://x.com/Squawka/status/1752812903126708690?s=20