Јувентус доби дефинитивна казна од „минус десет“ бода со што одлетаа и шансите за пласман во Лигата на шампионите. Фудбалерите на Јуве беа демотивирани а тоа го искористи домашниот тим Емполи за да триумфира со 4-1.
Капуто од пенал во 18.минута донесе водство, а три минути подоцна Луперто зголеми на 2-0. Капуто беше стрелец и на третиот гол, а потоа Киеза постигна почесен погодок за Јувентус.
Конечниот резултат го постави Роберто Пиколи во судиското продолжение од натпреварот.
Претходно, Рома и Салернитана ремизираа, 2-2.