Борусија Дортмунд со 4-2 го победи Атлетико Мадрид и со вкупни 5-4 се пласира меѓу четирите најдобри во Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид со предност од 2-1 го почна мечот против Борусија Дортмунд, но шпанскиот тим не успеа да ја сочува предноста.
Резултатот го отвори Брант во 34. минута, а само пет минути подоцна Матсен даде гол за водство на Борусија Дортмунд од 2-0. Со тој резултат се отиде на одморот.
По четири минути игра во вториот дел Хумелс си даде автогол за намалување на 2-1, а Кореа во 64. минута погоди за израмнување.
Во тие моменти Атлетико Мадрид беше тимот кој оди понатаму, но работите во Дортмунд повторно се променија.
Течеше 71. минута кога Фулкруг го врати водството на Борусија Дортмунд, овојпат од 3-2, а брзо потоа гол даде и Сабицер за конечни 4-2.
Атлетико Мадрид се обидуваше да дојде до нов гол, но не успеа, на крајот Борусија Дортмунд се радуваше на место меѓу четирите најдобри во полуфиналето од Лигата на шампионите.